Светски ден на науката: Научниците заборавени од државата

Светски ден на науката: Научниците заборавени од државата

Македонските научници се без мотивација и поддршка од државата, порачаа тие на светскиот ден на науката. Според професорот Рубин Гулабоски кој неколку години е меѓу топ 2% највлијателните научници во светот според Стенфорд листата, државата годишно издвојува само еден милион евра за сите универзитети, па поради тоа голем дел од младите и амбициозни научници својата „среќа„ ја бараат во странските фондации.

  • „Може еден научник максимално за поддршка да добие 1000 до 2000евра. Е сега ако ви кажам дека во списанијата кои се со плаќање публликувањето на еден труд чини повеќе од 2000евра, тогаш може да замислите, колкава е таа поддршка„ изјави проф.д-р Рубин Голабовски.

Универзитетите не добиваат ништо за наука. Финансиската помош од државата се темели само на средствата кои универзитетите ги добиваат за подмирување на платите на професорите кои се занимаваат со научна дејност. И ректорот на штипскиот Универзитет посочува дека државата треба да обрати поголемо внимание на научната дејност.

  • „Науката е скапа работа. Вие имате потреба од инструменти или услови коишто ги имаат вашите колеги од светот…Поголеми издвојувања дефинитивно се потребни , барем во рамки тие што ги имат развиените земји кои се околу 2 до 3%, а ние сме во промили речиси„ изјави проф.Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип.

Иако без доволна логистичка и финансиска мотивација од државата денеска универзитетите во Штип, Скопје и Битола свечено ги доделија годишните награди за најдобри научници

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста