Љубчо Георгиевски продолжува со нападите кон ТВ Алфа

Љубчо Георгиевски, очигледно видно вознемирен, продолжува со нападите кон телевизија Алфа.

„Античките југословени од ТВ Алфа многу плачковци испаднаа. Цела седмица во ударни термини на нивните вести прават специјални прилози со говор на омрза за моите ставови. Го злоупотребуваат јавниот простор за линч, а потоа плачат од еден мој Фејбук пост“ пишува тој на социјалната мрежа.

Алфа ниту плаче ниту се плаши од ваквите закани. Ќе продолжиме да зборуваме и пишуваме со факти и аргументи за сите теми кои се од јавен интерес, вклучително и за луѓето кои работат против интересите на Македонија и на Македонците, за нивните политички кариери, но и бизнис зделки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста