Срамно: Ако немаш скопска регистрација не можеш да паркираш на место за хендикепирани лица, иако имаш таква налепница

Ако не си од Скопје, а си лице со инвалдитет не можеш да паркираш на место за хендикепирани. Велешанката Билјана Гаврилова Станковска која има видлив инвалидитет заработи блокатор на едно тркало и казна од 3.000 денари од Градски паркинг оти паркирала на место за инвалиди и уредно пратила смс- порака.

Таа револтирана од инцидентот со кој се соочила прашува, до кога лицата со инвалидитет ќе бидат дискриминирани?

“Ставена членска на шал табла со пратена порака, ние од внатрешноста знаеме дека кога одиме во Скопје не сме ослободени од плаќање на паркинг, иако паркираме на инвалидно место со инвалидна кола. Он ми рече вие зошто сте од друг град не смеете да паркирате на ова место. И му рековме ако тоа е така, зошто никаде не пишува?” – вели за Алфа Билјана Гаврилова Станковска.

Утрината, парите за казната што ги платила Гаврилова-Станковска ѝ биле рефундирани.

Директорот на Градски паркинг ми се јави после мојата објава, ми се извини рече дека се ќе направи да се корегира тој правилник.И дека не ги носел тие одлуки он, туку Град Скопје.– вели Станковска.

Алфа го побара директорот на Градски паркинг Крсте Петревски за овој настан, но не не добивме одговор на поставените прашања.

Инаку, ова не е единствен случај. Пред неколку месеци, лице со телесен инвалидитет од Делчево и покрај уредно платен билет за паркинг пред клиника во Скопје, добил блокатор и платил казна. Фискалните сметки за платениот паркинг како доказ не помогнале, па нему дури и грубо му било кажано дека ако не го тргне возилото веднаш, казната ќе биде уште поголема.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста