Ѓорѓиевски во „За или против“: Тврдењата на Ковачевски дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за уставни измени се апсурдни

„Тврдењата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ се расположени да гласаат за уставни измени се апсурдни и смешни, како и повеќето изјави на Ковачевски. Во неговите излагања не можеме да најдеме суштина, како граѓани на Македонија, ниту вистина. И партијата, и Христијан Мицкоски го повторуваат ставот дека ниту еден пратеник од сегашниот парламентарен состав нема да поддржи уставни измени“ – рече градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој вели дека политичките партии настапуваат во кампања со своја програма, ниту СДСМ ниту било која парламентарна партија има дадено ветување пред граѓаните дека вакво нешто, како уставни измени, ќе реализира.

„Дополнително е тоа што ние трпиме штета како македонски народ со овие уставни измени. Вистината е дека ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија. Затоа не верувам дека ниту еден од нашата партија не би се „дрзнал“ да направи ваков потег. Верувам во она што го говорат. Ако премиерот е толку убеден во такво нешто, слободно нека го стави тоа во Собранието, па кога ќе види дека нема да се усвојат уставните измени, да одиме на предвремени парламентарни избори“ – рече Ѓорѓиевски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста