Четворица повредени во сообраќајка во Скопје – Меѓу нив и пациентот што го превезувала кумановската итна помош

Четворица повредени откако автомобил „Фолксфаген Туран“ управуван од 57 годишник вчера вечер се судри со амбулантно возило на кумановската брза помош. Во сообраќајната несреќа која се случи на скопската крстосница кај „ЕУ Инфо“ ценарот, најтешко повреден е возачот на автомобилот. Со повреди се здобиле медицинската сестра, возачот на болничкото возило, како и 72 годишниот пациент кој бил превезуван.

На местото на несреќата увид извшиле екипи на СВР Скопје.

  • „Пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. – Известуваат од МВР

Директорката на кумановската болница, доктор Снежана Захариева, вели дека во амбулантното возило кое вчера се преврте во Скопје, бил превезуван пациент со кардиолошки заболувања, а со него како придружба упатени биле една медицинска сестра и возач. Тој во моментов е сместен на клиниката за кардиологија на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

  • „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“ – велат од МВР.

Поради сообраќајната несреќа, кумановската болница остана без единственото исправно медицинско возило. Од вкупно трите возила за транспорт на пациенти со кој располага, две се веќе на сервис, а во тек е тендерска постапка за да се набави четврто. Поради ново-настанатата ситуација, раководството на болницата ќе мора да позајми амбулантно возило од скопската итна помош или од друго место, бидејќи во моментов не располага со ниту едно

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста