„Форин Полиси“  : Kосово доби 77 километри автопат „за само“ 1,3 милијарди долари

Косово пред една деценија доби автопат кој не му треба изграден од Бехтел и Енка, а амбасадорот кој даваше поддршка на проектот доби работа во Бехтел.    Форин Полиси  потсетува на изградбата на автопатот долг 77 километри кој чинеше фантастични 1,3 милијарди евра, во,  како што се наведува во текстот, една од најсиромашните земји во Европа.

Од вкупиот капацитет на автопатот, кој чини речиси 17 милиони долари по километар, се користи само една третина. Контроверзен е фактот дека  една година откако тогашниот амбасадор на САД во Косово,  Кристофер Дел, кој најмногу навивал за договорот, се пензионира од дипломатски функции , добива работа во „ Бехтел“ како специјален претставник во Мозамбик.  

Откако Бехтел ја достави својата понуда за автопатот, според интервјуата со официјални претставници од меѓународните институции, Дел изврши притисок врз косовската влада не само да го избере Бехтел, туку и да потпише договор со услови кои се поволни за корпорацијата, пишува медиумот.

Овој проект е само еден од балканските на гигантот Бехтел кој се поврзува со сомнежи за корупција, наведува  медиумот. Според истражувањето на калифорнискиот универзитет Беркли, проектите од компанијата се непотребен луксуз, а бројните проблеми се гледаат и пред да почне изградбата.

Кој требаше да го користи Косовскиот автопат? Одговорот сè уште не е целосно јасен. Она што е јасно, сепак, е дека автопатот е само најновиот проект изграден од Бехтел на Балканот кој е погоден од загриженоста за деловните практики на корпорацијата, вклучително високите цени, лошата транспарентност и обвинувањата за корупција, стои во натписот.

За авотпатот во Косово договорот бил потпишан во 2010, иако потребата од него ја доведуваа во прашање многу институции . Светската банка  истата година посочи дека само две од деветте секции на патот ќе бидат економски исплатливи , за ова косовскиот премиер Хашим Тачи кажа дека Светска банка згрешила во извештајот.

За фрапантната сума од 1.3 милијарди долари,  како и за делови од договорот кои предвидувале милиони за пренесување на опрема и механизација која се наоѓала на самата граница со Албанија  реагирала цела експертска јавност, но попусто. Договорот беше потпишан и Косово има автопат кој не му треба.

Уште од 90-те компанијата Бехтел постигнува договори за градење автопати во регионот на сличен начин со дипломатски притисоци и со директни договори со владите . И претходно имало пракса на  криење на договорите. Ова било  случај и во Косово, каде  ретко кој го видел договорот.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста