Црвенковски: ЕУ е непринципиелна кон Македонија, ни се оспорува идентитетот

Црвенковски: ЕУ е непринципиелна кон Македонија, ни се оспорува идентитетот

Тежок и речиси недостижен е патот за Македонија да влезе во ЕУ иако на државата и се направија сите можни преседани – вели поранешниот претседател и премиер на Македонија Бранко Црвенковски. Тој не е оптимист дека земјава наскоро ќе биде членка на ЕУ, па затоа предлага нова стратегија за приближување, односно да се искористат европските пазари и фондови.

Голем дел од причините лежи во нашите слабости јас ќе набројам само неколку.Недоволиво висок степен на корупција и разни видови на организиран криминал.Не ефикасен и подложен на полички влијание судски систем, партизирана и неефикасна андмистрација се донесуваат европски закони а се имплементираат на балкански начин.Рефиормите или се пролонгираат или се спроведуваат половично. Но медалата има и друга страна, ЕУ се залага за проширување но во реалноста не е подготвена за тоа” – вели Црвенковски.

Стјепан Месиќ поранешен претседател на Хрватска ги поддржува земјите од Западен Балкан да станат што поскоро дел од ЕУ, но е скептичен дека со тоа што Унијата не е иста како пред 20 години, патот ќе биде многу потежок.

“Ниту една земја во регионот не е отфрлена поради надворешни политички цели за членство во ЕУ.И покрај тоа, мене ми изгледа дека членството во ЕУ се оддалечува од земјите на Западен Балкан. Без обзир на сите поддршки и ветувања од Брисел” вели поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ.

Дека евроскептицизмот во земјава расте алармираше претседателот Пендаровски. Според него џабе сменивме име кога повторно не сме во ЕУ.Пендаровски кажа дека на Западен Балкан не му е потребен политички симболизам, туку конкретна политичка одлука.

“Ако ЕУ навистина има амбиции да биде геополитички играч мора прво да го заокружи и обезбеди својот европски геополитички простор преку интеграција на Западниот Балкан”, рече Пендаровски.

Според Пендаровски, европската унија мора да покаже поголема грижа за регионот. И се надева дека на претстојниот декемвриски самит, Европскиот Совет ќе има можност да донесе одлуки за побрза интеграција на Западен Балкан, наместо како што вели, да го одложува тоа прашање за по европските избори.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )