„Храбро срце“: Жална и неоправдана е одлуката на Меџити да го разреши Д-р. Јовев

Неоправедна и жална е одлуката на министерот за здравство од личен хир, со неиздржани обвинувања да го разрешни професор д-р Сашко Јовев кој раководеше со државната кардиохиругија,велат од националното здружение“Храбро срце ”.Тие со апел до министерот Меџити да ја повлече ваквата одлука,во спротивно велат подготвени сме да излеземе и на протест за поддршка на кардиохиругот.

Министрите за здравство се менуваат како чорапи,кој како доаѓа ги залажува пациентите со вештачко срце.Додека чекаме трансплантација,животот буквално ни зависи од батерии и 5 метри кабел-вели претседателот на здружението “Храбро срце”

“Со претходниот министер имавме неколку средби, но не вродија со плод тоа беа се’ ветувања никаде остварување на дело.Со овој министер мораме да признаеме дека немаме нити побарано средба до сега ,но што да бараме средба кај некој кој што во корен ја убива можноста да функционира кардиохиригијата.Прво треба да се исправи оваа грешка која што настана сега”-вели Јолески.

Застрашувачка е информацијата дека бројот на пациенти впишпани во националната листа за трансплантација се зголемува, најмладиот пациент е девојка на 26 годишна возраст. Крајно време е надлежните институции да превземат одговорност и да ни помогнат оти секој ден и гледаме на смртта во очи вели Јолески. Пумпите кои кај 20-те пациенти ја заменуваат работата на срцето, откажуваат и се во критична состојба. Само последнава година 6 пациенти ја изгубија шансата за живот, додека чекаа трансплантација на срце,затоа повеќе нема да траеме.

“И ќе почнеме малку порадикално да излегуваме, иако сме свесни дека тоа ќе се исполитизира но ние навистина немаме друго решение освен да почнеме порадикално да се бориме за нашите права.Веќе 3-4 години се обидуваме констуктивно да ги решаваме работите, но тапкаме во место”-вели Јолески

Има пациенти кои пумпите ги носат и по 5 години, а гаранцијата од самиот производител е до 5 години. Овие уреди кога нам ни се монтитани кажано ни е дека се мост до трансплантација,но ресорното министерство не се одважува да донесе стручен кадар од странство кој ќе им помогне на нашите врвни кардиохирурзи на чело со д-р Јовев да ја напарават првата операција за замена на вештачка пумпа со срце од донор,истакнува Јолески.За таа цел државата вели Јолески дури не реагира на нашите барања да ни стави на расополагање еден од владините воздухоплови.

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста