Хајредини: Малите партии се манипулираат за спас на коалицијата СДСМ – ДУИ

На македонската политичка сцена не постои албанска опозиција. ДУИ поддржана од СДСМ ги уништува помалите партии и ги купува гласачите цицајќи го државниот буџет.

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, вели дека албанските гласачи немаат избор – партијата на Ковачевски целосно се претопува со партијата на Ахмети и ги истиснува сите останти.

Помалите партии само се манипулираат и се користат како сламка за спас да се одржи мнозинството, а она што сега и се прави Алтернатива утре може да и се случи и на Алијанса.

  • Ниту една друга албанска партија во власт или опозиција нема шанси да дојде се додека е ваква ситуација. Сите гласачи на ДУИ се на платен список на буџетските корисници. И што им преостанува на избирачите на другите партии кај Албанците? За да имаат некој глас повеќе, така лани се обиде Алтернатива и еве што ја снајде. Утре на еден дрзок начин, Ковачевски, повеќе од незнаење, он тотално не е во тек со случувањата.. Лани кога му требаше 4-цата пратеници им даде тројца министри, сега им вели не сте ми потребни, ги најдов овие. Таквото манипулирање на македонските со албанските партии не може да трае вечно. Но, без да имаме процесуирање на нивните кривични дела чие објавување го забраниле оваа ситуација е блокирана“ оширување нема да има. Нема да има од причини што веќе е јасно, дека пратениците на Алтернатива не се со власта, нема да гласаат ни тројцата пратеници од ДУИ. Така што ако Алијанса има осум, шест веќе е јасно, остануваат само двајца. Сега се поставува прашањето што ќе се постигне со ова, со т.н. проширување кое е јасно дека веќе го нема. Јас мислам дека вакви инсистирање, друго никогаш СДСМ и ДУИ никогаш не рекле дека немаат стабилно мнозинство за сите реформи. За каква стабилност сега зборуваат? “ вели за Алфа, Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии. .

Тврдењата на власта дека создавањето ново мнозинство е во интерес на некаков „обединет европски фронт“ се во голема мера лицемерни вели Хајредини. Таков фронт, кој пред сѐ подразбира борба против корупцијата, не можат да прават оние што 20 години го крадат народот.

  • Проширување нема да има. Нема да има од причини што веќе е јасно, дека пратениците на Алтернатива не се со власта, нема да гласаат ни тројцата пратеници од ДУИ. Така што ако Алијанса има осум, шест веќе е јасно, остануваат само двајца. Сега се поставува прашањето што ќе се постигне со ова, со т.н. проширување кое е јасно дека веќе го нема. Јас мислам дека вакви инсистирање, друго никогаш СДСМ и ДУИ никогаш не рекле дека немаат стабилно мнозинство за сите реформи. За каква стабилност сега зборуваат? “ вели за Алфа, Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.

Убедувањата дека реконструкцијата се прави за да се достигне потребната бројка од 80 пратеници за да се промени Уставот не држат и се само оправдување, смета Џевдет Хајредини. Тој објаснува дека Алијанса само ја спасува коалицијата СДСМ – ДУИ бидејќи фракционерите во партијата на Ахмети го загрозија опстојувањето на мнозинството.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста