Општина Штип најавува инвестиции од 200 милиони денари

Над 200милиони денари, толку чинат проектите што годинава треба да ги реализира Општина Штип. Предвидено е да се градат три катни гаражи,конзоли на река Отиња, нов мост. Ќе се асвалтираат над десетина улици. Ќе се реконстрира градскиот плоштад и штипската бања. Ново Село целосно ќе се поплочи со калдрма, а по триесет години Штип конечно ќе добие кино.

Започнуваме со долгонајавуваниот проект за изградба на булеварот „Партизанска„ со што ќе се поврзат населбите Баби и 8ми Ноември. Штипјани после долги години ќе добијат јавен превоз, а исто така и кино сала , изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

 Буџетот за оваа година на Општина Штип изнесува околу една милјарда, а за 30-40% за разлика од лани е зголемена ставката за капитални инвестиции. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста