Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје денеска во Крушево 

Денеска, ден пред Илинден, тимот на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје е во Крушево. Во 1903, оваа ноќ, канбаните на градот, го најавија почетокот на Илинденското востание.
Идеологијата  за слобода на околу 800 востаници била главна цел во борбата. Два дена подоцна, Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател. Национална концепција во борбата за државно-политичка и културна еманципација на македонскиот народ како одделен идентитет во словенскиот свет се оживува преку овој чин.


Франц де Јесен, редактор на весникот „Национал Лиденде“ од Копенхаген, во далечната 1903 година, со многу симпатии ги опишува македонските борци за слобода: „Тие не се разбојници, ниту дивјаци, но интелигентни, образовани луѓе, претставници на моралната сила на земјата; луѓе во сè слични на нас и луѓе што се пожртвувале за една возвишена идеја“. 


Образованието е моќ, а знањето е лидерство. Затоа, денес тимот на УТСМ како една од водечките високообразовни институции,чија мисија е да образува и гради активни чинители во општеството е присутен на овој историски ден. Преку оживување на спомените, со присуство на овој настан, Универзитетот тежнее да ги мотивира младите да дадат свој придонес кон растот и развојот на сопствената држава.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста