Убиство во казино во скопско Тафталиџе – заедно се коцкале па го застрелал

Играњето на слот машина во казино заврши трагично за 46- годишениот жител на Арачиново. Жртвата и осомничениот, под дејство на алкохол, влегле заедно со уште двајца другари во казиното на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Играле на апаратите по што започнале расправија, едниот од нив извадил пиштол и испукал неколку пати. 46-годишниот Н.А. починал во казиното, а тројцата другари меѓу кои и осомничениот за убиството побегнале. Полицијата се уште ги бара.

  •  „Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќепати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на самото место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството“, велат од ОЈО Скопје.

Сите сведоци разговарале со обвинителот, а телото било дадено на обдукција.  Доказите и видео снимките од казиното кои ги собрале полицајците ќе се вештачат.  

  • Неофицијално, причина за кавгата била долгови кои меѓу себе ги имале другарите“.  

Скопјани рано утрината, околу 8 часот ги разбуди пукотницата во казиното, попладнево мирно. За убиството сведочеше само полициската лента додека полицајците не ја тргнаа.

Ова не е единственото убиство на скопските улици овој месец. На почетокот на март, вооружена пресметка со епилог – двајца мртви имаше и во старата скопска чаршија, само неколку дена подоцна се ранет беше и полицаец во Бутел.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста