Се трошат време и пари, се бројат жртви во сообраќајот –10 години се гради автопатот Кичево – Охрид

Додека не изгинеме сите немаат намера да го завршат автопатот Охрид-Кичево,кој се гради безмалку една деценија. Ова е автопат на трагедии,сообраќајки се случуваа постојано и ќе се случуваат бидејќи самиот пат е ризичен, а одговорност никако некој да сноси-реагираат охриѓани за неподносливо долгата изградба на автопатот.

Немам коментар, тоа е страшна работа. Да тргнеш од Скопје за Охрид, на оваа делница кога ќе дојдеш коса да ти се крени,многу е страшно.Нема околу заштита никаква.

Познавате друга држава во светот што 10 години еден пат не може да направи?Јас не верувам дека постои. Немаме капацитет како држава, или немаме знаење? Немаме ни организација,ни знаење; 2.Па пред се’ треба безбедност да се обезбеди,во секој случај ние касниме зад светот како држава и металитет.Ова што 10 години се гради и никако да се изгради? Па касниме тука во “сатчињата” наши 😉

Иако и по три продолжувања на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид на кој не му се гледа крајот, министер Бочварски уверува дека истиот ќе бил готов и пуштен во употреба до крајот на годинава. На 57-те километри од автопатската делница која требаше да биде готова во 2018-та, убедуваше дека работеле 900 работници,така пишувало во последниот извештај.Тој не сакаше дирекно да одговори дали изградбата на најскапиот автопат во Европа,  Охрид-Кичево ќеја надмине сумата од фантастични 600 милиони евра?

Значи ние во моментот имаме таква договорена цена, јас не можам да прејудицирам за пониска или повисока цена, можам да кажам тоа што го имаме како договор помеѓу државата и изведувачите.”-вели министерот за транспорт и врски,Благој Бочварски.

Бочварски кој е убеден  дека автопатот ќе е готово за 9 месеци,призна дека сеуште се врши експропријација на земјиштето.Охридскиот градоначалник е скептичен дека со ваква динамика на работа, автопатот ќе биде готово до предвидениот рок.

Ќе пушиме една лента колку да замачкаме очи, меѓутоа ние  со тоа не го решаме проблемот,туку се префрламе од една на друга летна, а суштински немаме никаков напредок а за жал се повеќе сообраќајки, се повеќе и повеќе луѓе го губат својот живот и од автопат кој треба да биде гордост на Mакедонија и кој што треба да го поврзува најголемиот туристички центар на Mакедонија со главниот град,добивме автопат на ужасот и хорор”-исканува Кирил Пецаков, градоначник на Охрид.

Додека државите од регионот грабат напред,Македонија не успеава со години да изгради еден автопат-ова го отвора прашањето дали нашата држава која за дебели пари,ангажираше и странски компании, има капацитет да го заврши автопатот? Бочварски вели градежните работи ќе продолжеле со засилено темпо кога ќе се подобреле временските услови и тогаш автопатот ќе се пуштал делница по делница.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста