Туристичка „инвазија“ на Грција: Се чека и до 40 минути на „Богородица“

Колони возила и автобуси – ваква е сликата утрово на граничниот премин „Богородица“. Се бележи зголемена фреквенција на автомобили, а времето на чекање е околу 40 минути.

Камерите кои се поставени на другите гранични премини покажуваат дека утрово нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста