Трипуновски: Да сме на чисто – пестициди и тешки метали се детектирани во овошјето и зеленчукот

Да му порачам на Бабовски, Николовски и сите инволвирани дека ќе има одговорност за сите, а поденсувањето кривични пријави е само очајнички обид да се излвечете од овој скандал – напиша Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи, откако директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство изјави оти размислувале да го пријават Трипуновски за ширење дезинформации за присуство на тешки метали во дел од увезениот зеленчук од албанија.

  • „Да сме на чисто – Пестициди и тешки метали се детектирани во овошјето и зеленчукот кои се увезени во Македонија .Тоа недвосмислено го потврдуваат анализите кои ги презентирав на јавноста! Додека Бабовски и останатите околу него сакаат да ја замајат јавноста од детектираните присуства на остатоци од пестициди во храната од неживотинско потекло, добро е Бабовски да го посоветуваат околу наодите од тестирања и начинот на прикажување во истите.“ – Напиша Трипуновски на Фејсбук.

Реакцијата на Трипуновски следи откако директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, изутрината изјави дека резултатите од анализите за присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот се негативни, и ја обвини опозицијата за кривично дело – ширење лажна паника и тревога,

  • „Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми“ рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.

За тоа, дали агенцијата ќе поднесе пријава, Бабовски потенцираше оти ќе одлучеле деновиве.
Инаку, неодамна Цветан Трипуновски, од комисијата за земјоделие при ВМРО-ДПМНЕ, со документи предупредуваше оти агенцијата за храна дала амин да се увезе зеленчук кои содджи олово, кадмиум и арсен во недозволени количини.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста