Сојузот на средношколците со иницијатива до Уставен – сите ученици да имаат бесплатен јавен превоз

Сојузот на средношколци бара сите ученици да имаат бесплатен јавен превоз, а не децата да бидат дискриминирани. Затоа, поднесоа иницијатива до Уставниот суд и бараат да се почитува членот 41 А од законот за средното образование. Законските измени кои што ги предлага Сојузот се однесуваат на правото на бесплатен јавен превоз на сите средношколци. Претседателот на Сојузот, Лука Павичевиќ рече дека моментално не се третирани сите средношколци подеднакво, бидејќи има повеќе категории средношколци кои ова право го немаат.

  • Во март одржавме прес-конференција и најавивме дека нашите предлог измени на законот за средно образование по однос на овој член ќе ги поднесеме до Собранието и им дадовме рок од два месеци, односно до 15 мај, истиот да го стават во постапка и да го донесат, бидејќи не стануваше збор за обемен и сложен закон, туку за интервензија во само еден член“, рече Павичевиќ.

Тој вели дека најбројни се учениците од приватните училишта, но и учениците од стручните училишта кои посетуваат пракса за време на распустот.

  • А феријалната практика е училишна обврска пропишана и со закон и со пропис. Исто така и учениците со посебни образовни потреби кои се сместени во училишните домови и посетуваат т.н. специјални училишта немаат право на јавен превоз, бидејќи нивните домови се веднаш до училиштата. Ова создава нееднаква и отежната состојба за овие лица“, рече тој.

Немаат право на бесплатен превоз ниту учениците кои живеат на помалку од 2,5 километри од училиштето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста