Премиерот се уште си молчи: Ќе му дозволи ли Али Ахмети на Димитар Ковачевски да седне очи во очи со Христијан Мицкоски?!

Али Ахмети да му дозволи на Димитар Ковачевски да седне очи во очи со Христијан Мицкоски. Од ВМРО-ДПМНЕ  го повикуваат премиерот да собере храброст и да седне на средба со лидерот на опозицијата, каде ќе се разговара за клучните проблеми на државата. Пратеникот Драган Ковачки вели дека молкот на Ковачевски покажува дека нема авторитет ниту во својата партија, ниту во Владата и дека за се мора да го прашува Али Ахмети.

-Ковачевски треба да се охрабри и треба да се одважи и да ја организира средбата, затоа што тоа е единствениот пат за излез од политичката криза која што ја создадоа СДСМ и ДУИ. Ковачевски не треба да се плаши и треба да побара одобрување од Али Ахмети. Апелираме и до господинот Али Ахмети да му даде одобрение, да најде начин да дојде на таа средба, затоа што после неуспехот на уставните измени, Македонија ќе западне во политичка криза, изјави Ковачки.

Покрај Ковачевски за понудата на Мицкоски молчат и од СДСМ. Деталите за форматот на средбата ќе ги соопштела Владата. На Мицкоски му порачаа доколку немал доверба во своите партиски функционери да дојдел сам на лидерската.

-Сите детали за лидерската средба ќе бидат соопштени од страна на Владата. Ние би сакале уште еднаш да повториме дека станува збор за исклучително важна средба, средба на која што ќе се зборува за иднината на граѓаните и на државата. Темите за оваа средба претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски јавно ги соопшти. Околу форматот ние не би сакале да навлегуваме во внатрепартиските односи на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Богданка Кузевска.

Според инфорамции на МИА, лидерската средба би требало да се одржи во среда во Клубот на пратеници, Но, официјално се уште нема ништо, ниту ден, ниту час, ниту во каков формат ќе биде. Мицкоски повикувајќи го Ковачевски очи во очи, само они двајца, порача дека на Македонија и е потребна Влада на македонско национално единство и заминување на ДУИ во опозиција со цел оваа партија да се реформира.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста