„Стоп за уништување на студентскиот стандард“- Протест на студентите утре во Скопје

Најлошо за една држава е да удира по своите студенти – академските граѓани го кренаа гласот, утре излегуваат на мирен протест пред Собранието да ги кажат своите барања.  Причината  како што велат од организацијата „ Студентски отпор“ е однесување на власта кон студентите.

Протестот  е закажан за 16:30, во истото време кога во Законодавниот дом ќе се одржува средбата помеѓу пратениците кои предложија измена на Законот за субвенциониран студентски оброк и Министерот за образование со претставници на студентските собранија од државните универзитети од Битола, Штип и Скопје за да дискутираат за Предлог измените на Законот за студентски оброк, за кој студентските собранија и не се многу оптимисти дека ќе резултира во нивна корист. Предлог измените беа  капката која ја прелија чашата по однос на се она од што не се задоволни студентите :

Не сум убеден дека состанокот ќе резултира со голем плод, но останува да видиме. Ние имаме многу децидни барања студенскиот оброк да биде покачен од 120- 150 денари .Треба комплетно реновирање на студенските домови , бидејќи условите се нечовечки . Против сме и Одлуката на Владата дека е потребна партизација на студентските домови бидејќи ќе ги дадат на своите другарчиња од олигархијата, вели Јован Јанев од „Студентски одбор“.

Во време на огромна инфлација , државата мора да мисли на студентите како двигател на општеството.  Едно од барањата е и студентите да бидат изземени од антикризните мерки на Владата. 

Студентите да бидат извлечени од антикризните мерки од греењето на просториите, студеннтите се иднина на општеството, тие се млади луѓе кои треба да се едуциираат. Најлошо за една држава е ако удира по грбот на своите студенти, вели Јанев

Првиот предлог за измени на Законот за студенско оброк предвидуваше студентите кои добиваат стипендија,  оние чии родители имаат месечен приход над 18.000 денари како и апсолвентите да немаат право на студенски оброк, што го побива и првичното мото на Законот : „Здрав оброк за секој студент“. По бурните реакции од сите студенти, власта одлучи да го повлече предлог и ги повика студентите на средба , со цел да се дискутирало во која насока ќе биле измените.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста