Системот ФЗОМ е паднат трет ден, пациентите и матичните лекари во хаос, Сали не е информиран

Системот не работи – вакво известување ги пречекува  граѓаните  трет ден во Фондот за здравствено осигурување, а објаснување зошто и кога ќе можат да ги добијат документите кои им се потребни од таму немаат , а што се случува со ситемот не знае ни Министерот за здравство Беким Сали.

Со падот на системот сега не можат да се регистираат нови осигуреници, граѓаните не можат да изберат матичен лекар, мајките неможат да комплетираат документи за надоместок на породилно отсутство. Ваквата ситуација ги револтира граѓаните кои во институцијата дојдоја да завршат работа, но наидоа само на одговор дека „системот не работи“, а што понатака никој не им кажал освен да се вратат во понеделник.

Во хаос се и матичните лекари кои не можат да пријавуваат и  и одјавуваат пациенти, не можат да го проверат здравственото осигурување на пациентите и не знаат до кога ова ќе се случува и што е причината.

Најголем проблем е со потпишување на фактурите . Постојат проблеми на терен во однос на функционирањето на медицинскиот кадар. Најголем проблем освен фактурите се и оние кои затвораат амбуланти , остануваат многу пациенти и тие пациенти не можат да се запишат кај друг доктор. Ние немаме ништо официјално добиено.

Иако хаосот со падот на системот  трае веќе трет ден , Министерот Беким Сали не бил информиран

Јас би ве упатил да се упатите кон авторитети во Фондот . Немате информација ? – Немам информација, рече Сали.

За што станува точно збор, дали се оправдани шпекулациите дека станува збор за хакирана и украдена база , од ФЗОМ до сега не се изјаснија никако, освен што во текот на вчерашниот ден кажаа дека станувало збор за технички проблем.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста