Дивоградбите и сомнителните  доградби би можеле да ни пресудат во случај на разорен земјотрес во Македонија

Надградбите, дограбите и нелегалните градби би биле сериозна опасност во случај на силен земјотрес. Според сеизмолозите ,новите градби се изградени безбедно, но треба да се најде решение за дивоградбите за кои нема сознанија.  Од ИЗИИС сметаат дека потребно е да се вложи во индиструја, технологија и знаење за да имаме сеизмички изолирани згради .

Имаме постојни градби. Имаме надградби и доградби кои што претставуваат проблем при вакви земјотреси. А, исто така мора да признаеме  дека имаме и нелегални објекти за кои што немаме  никакви сознанија за нив, немаме документација. Тоа се работи  кои мислам дека во иднина треба да ги подобриме и да ги надминеме. Не се само средствата. Пред сè ќе кажам тоа не се прави преку ноќ. Треба развој , треба истражувања, па дури тогаш да имаме примена. И покрај примената треба да имаме одржување на тие сеизмички изолатори, вели Влатко Шешов, директор на ИЗИИС.

Годинава се навршуваат  60 годишни  од катастрофалниот земјотрес во Скопје, што е добар момент не само за потсетување на трагедијата, туку и за подготовка за идни трагедии, особено после оваа турската. Токму тоа е темата на работилницата посветена на размена на искуства во организација на Јапонско здружение за сеизмичка изолација и македонскиот институт.

Оваа година се одбележуваат 60 години од земјотресот во Скопје. Ова е добро време не само да се потсетиме на таа трагедија, туку и да се подготвиме за идни трагедии, да се запознааеме со нови технологии да превенираме трагедии предизвикани од земјотрес во иднина, вели Казуја Оцука Амбасадор на Јапонија.

Според сеизмолозите градбите во нашата земја по 2014 се посигурни бидејќи се градат според нови  законски одредби кои бараат придржување кон построги правила за градба, и кои се контролирани за отпорност при потреси.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста