Синдикатот на Клинички се закани со нови протести ако не се регулираат платите во здравството

Револтот на здравствените работници продолжува. Со растот на минималната плата примањата на хигиеничарка и сестра со средно речиси се изедначуваат реагираат од Синдикатот на Клинички. Тие се заканија ако итно не се потпише договорот за повисоки плати на здравствените работници до петок, повторно ќе се активираат протестите. Барањата се јасни велат од  Синдикатот, сестрите да добијат по 3000 денари месечно повеќе, а за останатите вработени во јавното здравство по 2000.

“Се бориме излегуваме на протести, значи народот во јавното здравство, не само од Клинички и другиот синдикат. Јас разговарав со претседателот Љубиша, тие се максимално револтирани и за утре свикуваат совет, веќе нема враќање назад. Значи се оди на протести и последно е штрајк. Нека си се погледнат денеска имаат седница на Влада нека видат што и како се случува со здравството. Не може да се изедначи сестра, сега со новото покачување на минимална плата хигиеничар и референт земаат поголема плата од медицинска сестра.”- вели за Алфа, Предраг Серафимовски потпретседател на Синдикатот на Клинички.

Од Синдикатот на Клинички се обезхрабрени и од последната изјава на вицепремиерот  Битиќи каде што рече дека тешко би се обезбедле пари за повисоки плати за здравствените работници .

“Имаше една несрќна изјава вчера од вицепремиерот на една национална телевизија. Кој кажа дека нема пари за здравство. Тие или не се координирани или треба сами на седница на Влада да си се погледнат во очи и се прашаат што е работава што ние четири месеци  излегуваме на телевизија.” – изјави Серафимовски.

Од Министерството за здравство без конкретен одговор, дали ќе се потпише договорот.

Дијалогот продолжува со сите надлежни институции, како што се ФЗОМ, МТСП, МФ, во координација со Владата на РСМ. Веќе е одржана средба со раководството на ФЗОМ, на која беше потенцирана соработката со синдикатот и истакната заложбата за реализација на барањата од синдикалните организации. ”–  велат од МЗ.

Инаку, здравствените работници земаат плата од ФЗОМ, чиј систем неодамна беше пробиен од хакерски напад и направи хаос во македонското здравство.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста