Силен земјотрес на повидок во албанскиот политички блок

Се тресе тлото под нозете на ДУИ. БЕСА со подадена рака ги очекува фракциинерите од ДУИ доколку тие формално се одвојат од партијата на Ахмети и формираат посебна партија. Дали ти ќе ја прифатат пондуата за соработка, се очекува јавноста да дознае во скоро време. Како што вчера објави Алфа, според информации од од високи извори кај фракцинерите, тие веќе имаат избрано раководни лица за новата партија, а официјално ќе ја формираат по бајрамските празници.

Подготвеност за соработка со нив, јавно изрази првиот човек на БЕСА, Биљал Касами. Тој неодамна истакна дека имаат заеднички интереси со фракцинерите.

  • „Ако го гледаме нивниот мотив за напуштање на Владата, кој е поврзан со неуспехот на оваа извршна власт, тоа е точка што нè обединува. Дури и со нивните политички ставови, со нивната концепција, со нивното идеолошко позиционирање на политичката сцена како фракција, и се разбира доколку утре решат да се отцепат како политичка партија, ние имаме неколку заедничко точки и од моментот кога тие формално ќе одлучат како ќе го продолжат патувањето напред, постои можности за соработка.“, рече Касами.

Во меѓувреме, станува очигледно дека дезинтеграцијата на интегративците скапо ќе ги чини. Имајќи во предвид дека голем број од градоначалниците кои доаѓаат од ДУИ се дел од фракцијата, а меѓу нив и скопските општини со најмногу гласачи, како Чаир и Сарај, односно, градоначалниците Висар Ганиу и Блерим Беџети.

Љубовта на Али Ахемти за Артан Груби може да резултира тие да изгубат значаен дел од партиската инфраструктура во Скопје, а со тоа да стане политички фактор, само во внатрешноста на државата. Поделбата на ДУИ не мора да значи само губење контрола врз дел од локалната самоуправа. Со поделеното членство и гласачкото тело, постои реален ризик за идните резултати на цетрално ниво и преполовување на бројот на пратенички мандати.

Фракцинерите велат дека нивните апели три години не наишле на разбирање кај лидерот Ахмети. Поделбите во партијата за прв пат излегоа во јавноста во септември минатата година, поради непочитување на партискиот стаут и неконтролираното акумулирање на моќ и функции на вицепремиерот Артан Груби. И покрај неколкуте обиди за надминување на разликите, Ахмети не успеа во напорите, а незадоволните продолжија да делуваат како фракција.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста