Се празнува Божиќ! МПЦ: Да ја сакаме татковината и она што е македонско

Христос се роди-Навистина се роди!

„Христос се роди, навистина се роди “ –  овие зборови утрово одекнаа во храмовите ширум Македонија. Православните христијански верници го слават Христовото рождество-Божиќ.

Традиционално, граѓаните ги посетија храмовите по што ќе се соберат на Божиќен ручек. По 40-дневниот пост денеска на трпезата има мрсна храна.

Главното чествување се одржа во Соборниот храм од каде Македонската православна црква- Охридска архиепиескопија порача да царуваат мирот, радоста и љубовта. Од МПЦ велат по 55 години беше возобновена автокефалност на нашата црква и Господ ја исправи две ипол вековната неправда со што станавме повторно дел од канонското единство.

  • Нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, ги чувала, ги чува и ќе ги чува довека сите радости и сите страданија, ги памети и ќе ги памети сите стремежи и копнежи на нашиот напатен македонски народ. Впрочем, до неодамна нашата Црква беше ставана во костец со разни искушенија и неосновани негирања. Но Бог не дозволи оваа Павлова и Светиклиментова Црква да биде бескрајно понижувана и оспорувана“.

Да ја сакаме татковината и она што е македонско повикува поглаварот ГГ Стефан.

  • „Да ја сакаме татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци. А, во овие времиња-невремиња, во коишто владеат бројни искушенија и предизвици, да се покажеме доследни следбеници на Христа новородениот – како мирољупци и миротворци, како богољупци и човекољупци“.

Божиќ е празник на најголема радост – се посетуваат храмовите, со молба кон Бога за здравје и бериќет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста