Судски совет во среда ќе презентира на кој начин работи Скопска апелација

Првата работна недела во новата година, Судскиот совет треба да го презентира извештајот од контролата во Скопска Апелација. За во среда е најавена првата седница за 2023-та на Советот, а на Дневениот ред меѓудругото се извештаите од работата на скопскиот и гостиварскиот апелационен суд. Освен ова Судскиот совет треба да ги испрати во пензија оние судии кои ја надминуваат старосната граница.  

Тројца од членови на судски треба да образложат зошто предмети по првостепена пресуда со месеци стојат во фиока и чекаат правосилност или поништување на одлуката од Кривичниот суд. Тие проверуваа дали во предметите имало процесни повреди и дали одлучувале судии кои не смееле да одлучуваат бидејќи биле пензионирани.

Претседателката Дамева во изјава за Телма, не сакаше да прејудицира која е причината за долгото одлучување пред да го види извештајот.

Да видиме дали биле објективни или субјективни причините поради кои е одложено пишувањето на пресудата. Воопшто не сум запозната што констатирала работната група освен што ја следам постапката со цел поажурно да биде изготвен извештајот. Јас не ги прашувам колегите што презеле и што откриле. Кога ќе стаса извештајот на седница ќе бидеме запознаени со содржината сите членови, вели Дамева.

Месеци, а некогаш и години се потребни за Апелација да ги потврди пресудите на Кривичниот суд, но со години не се знае кој е критериумот за брзината по кој одлучуваат апелационите судии.

Проверката во Скопска апелација на Судскиот совет, дојде по укинатата 12 – годишна затворска казна на Сашо Мијалков во случајот „Таргет – Тврдина“ и реакциите во јавноста, предмет за кој се одлучуваше повеќе од година ипол.

Освен за „Таргет Тврдина“, проверката на членовите на судски треба да покаже зошто во апелација се постапувало бавно и по предметите „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“.

Но не само овие предмет, на Апелација и требаше една година да донесе правосилност и за предметот „Рекет“ во кој обвинети беа некогашниот основач на Меѓународниот сојуз, Бојан Јовановски алијас Боки 13 еск-шефицата на СЈО, Катица Јанева.  Вториот предмет во кој е обвинет Боки 13, „Меѓународен сојуз“ се уште ја чека правосилноста иако првостепената пресуда беше изречена април минатата година.

По изрекувањето на првостепената пресуда, Крвичен има рок од 60 дена истата да ја напише по што почнуваат да течат роковите за поднесување жалби, иако од апелација се почесто се слуша дека роковите не се почитуваат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста