Се намалува коалициониот капацитет на СДСМ, помалите партии повторно извисија за една изборна единица

Се намалува коалициониот капацитет на СДСМ, помалите партии повторно извисија за една изборна единица

Неисполнетите ветувања, несогласувањата во програмите, како и повторното извисување на помалите партии за една изборна единица ќе ги чини СДСМ намален коалициски капацитет, сметаат дел од аналитичарите. Иако партијата на Ковачески ветуваше дека една изборна единица ќе има, сепак се чини нереално истото ветување сега да се реализира, оти се ближат изборите, а законски изборниот законик на 6 месеци пред избори не смее да се менува. Практично, како што велат дел од познавачите, СДСМ пак ги изигра помалите партии, со чија помош дојде на власт.

Поранешниот амабасадор Ивица Боцевски за Алфа вели дека помалите партии веќе се дистанцираат од СДСМ, баш зашто се прелажени, но и заради одлуките кои социјал-демократите ги носат, а не се по желба на граѓаните.

Еден од поголемите партнери на СДСМ, односно ДС на Трајанов, веќе ја напушти коалцијата заради проблемот со прифаќањето на бугарите во Уставот, ДОМ има донесено слична одлука, и кај малцинските партии има пркршени ветувања. Што е тоа што програмски ќе им понуди СДСМ за излез на следните избори? Освен суетите на некои лидери, не постои ниту една причина зошто некој би коалицирал со нив, вели Ивица Боцевски – поранешен амбасадор.

Според Боцевски ,СДСМ ги прекршиле сите свои изборни ветувања, не само во однос на помалите коалциони партнери туку и во однос на целата онаа поширока коалција која ја сочинуваа и делови од Шарената револуција, дел од интелектуалците, синдикатите, невладините кои им даваа поддршка.

Што се однесува до помалите политички партии, тие веќе неколку пати излегуваат со нивното барање за една изборна единица и со внимателно определување на изборниот цензус. Имајќи предвид дека СДСМ тоа не може да го реализира сметам дека најлогично што останува за нив е да ја напуштат коалацијата, да излезат самостојно на избори, вели вели Ивица Боцевски – поранешен амбасадор.

Инаку, Предлог-законот за измени на Изборниот законик со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица,  до Собранието беше доставен на 5 март 2021 година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )