Свидетелствата наводно се доставени до училиштата, а договорот за печатење сеуште не е потпишан

Свидетелствата наводно веќе патуваат до училиштата, а се уште не е ни склучен договор за нивно печатење.

Министерството за образование помпезно се пофали дека овој пат ќе имало свидетелства на време и тоа го презентира како успех, откако претходните неколку години тие доцнеа со месеци.

  • „Од Бирото за развој на образованието имам информации дека денеска ги завршуваат последните работи околу потпишувањето на договорот за свидетелствата. Навремено ќе се достават до сите училишта. Веќе достава имаме за матурантите и оние што завршуваат основно образование, но до крај на неделата и до крајот на учебната година ќе бидат доставени до сите училишта“.

Сепак, директорот на бирото за развој на образование Зекирија Хасипи во телефонски разговор за Алфа вели дека денеска ќе се потпише договорот за нивно печатање. Оттука е нејасно како министерот Јетон Шаќири тврди дека овие документи веќе биле готови за полуматурантите и матурантите.

За дел од експртите ова само го потврдува хаосот кој владее во образованието.

  • Ова е голем срам за Македонија. Тоа значи ние сме на дното, да даваш вест дека свидетелсва ќе има, па тоа им е законска обврска, нема причина ниту изговор да нема свидетелства или книги. Голем срам за земјава и огромна неспособност на министерот, заменик минситерот и сите задолжени“, вели Ѓорги Илиевски, поранешен просветен инспектор.

Минатата година најголем дел од учениците ги добија свидетелствата на 31 август. Тетовската печатница Арбериа Дресинг последниве 4 години ги добиваше сите тендери за што наплатила половина милион евра, но оваа година Киро Дандаро и Европа 92 се пожалиле на дискриминација, со што Комисијата за жалби сепак не се одлучила за тетовската Арбериа.

Надлежните никако да ги набават потребните материјали навреме. Свидителствата стигнаа дури на 1 септември, а голем дел од учениците цела година останаа без учебници за одредени предмети. И оние кои стигнаа беа преполни со грешки, така во учебникот за предметот Историја и општество за петто одделение, меѓу другото, пишува дека Македонија на исток граничи со Албанија, Монт Еверест е висок 20.000 метри, а португалското е помешано со шпанското знаме.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста