Термини за преглед нема ни за лек – здравството кубури со лекари

Вистинска лотарија е да добиете термин за да одите на специјалист. Граѓани со тешки болести со месеци чекаат преку „Mој термин“. Особено е аларманто за болните од канцер. Нема термини за пет –скен. Реагираат дека чекајќи  да ги повикаат на снимање задоцнуваат во битката со опасната болест. Следните два месеци нема термин ниту за Колоноскопија. Мој термин во следните три месеци нема за комјутерско снимање на заден дел од око и за некои невролошки испитувања. Следни термини за пејсмејкер има дури во втората половина од следниот месец. Но не се проблем само термините,пацинтите се соочуваат и со тоа што нема кој да им ги прочита резултатите.И за тоа чекаат се денови и недели.

Имаше и такви кои брзо добиле термин, и завршиле работа на време. Но се ретки.

Здравствените власти најавуваат измени во “Мој термин“ но од најавите ништо.Само кусо ни одговрија дека се правеле контроли за обезбедување на термини.

Со цел оптимизирање на термините за дијагностика, во тек се контроли во ЈЗУ согласно Закон за здравствена заштита и правилникот од областа со цел обезбедување термин по апарат и специјалност” – велат од Министерство за здравство.

Тоа што нема термини ни за лек во државното здравство пацинетите ги чини и пари и време, па дел од пациентите мора да си платат приватно. Електорнскиот систем за закажување прегледи “Мој термин“ беше воведен во 2014 година за да го олесни пристапот на пациентите до здравствените услуги и да се води евиденција за нивната здравствена состојба.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста