Стари и неисправни автобуси се возат по македонските патишта
Какви автобуси се возат по македонските патишта? Се поголемиот број на автобуски несреќи го отвора ова прашање. Користењето на автобуски превоз, без разлика дали се работи за меѓу градски, градски или меѓународен е најевтина варијанта за да се стигнасдо одредена дестинација, но убедливо и најнебезбедна.
Граѓаните не се чуствуваат сигурни кога се возат со автобус.
Која е причината за зголемениот број за автобуски несреќи? Професорот на техничкиот факултет Битола, Стоимко Златковски вели дека во Македонија се возат стари и дотраени автобуси. Со неисправни сопирачки и други уреди за безбедност.
- „Причините треба да се бараат кај возилата, кај авотбусите како и кај возачите кои ги возат. Во последно време компаниите купуваат, дел од компаниите купуваат половни автобуси, кои во европските земји, после експлатација се отпишуваат, а ние тие ги набавуваме, ги возиме и ги пуштаме во промет.“ – Вели професорот Златковски.
Тој проблемот го лоцира кај приватните техничките прегледи.
- „Треба контрола врз работтата на станиците за технички преглед кој го врши полицијата. Треба да земат еден автобус полу исправен и да се обиде да го регистрира во повеќе прегледи. Јас сум убеден деке ќе успеат во 8 станици да го поминат техничкиот преглед.“ – Додава професорот.
Според последните информации од Министерството за внатрешни работи, полицијата во првата половина од месец мај, санкционарала вкупно 111 автобуси и комбиња кои вршат превоз на ученици, а 51 од нив биле испратени на дополнителен технички преглед.
Според член 42 од законот за волиза, доколку се утврди техничка неисправност на возилото, возачот добива казна од 400 евра. Но, доколку при контрола на автобусот се утврди дека е регистриран како технички исправен, а притоа системот за сопирање покажал оти е неисправен, треба да му се одземе лиценцата на правното лице за вршење технички преглед, а казната е 5,000 евра.
Никола Цветкоски