Санстефанскиот договор е изворот на бугарскиот иредентизам

3 март, ден кој секоја година на големо се слави во Бугарија, односно потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор кој никогаш не се реализирал, но сепак 145 години подоцна, денеска нашите источни соседи ја чествуваат идејата за Голема Бугарија. На овој датум во 1878 година бил потпишан Санстефанскиот мировен договор со кој било предвидено создавање бугарско автономно и вазално кнежевство, но со христијанска влада и сопствени вооружени сили.

  • До потпишувањето на санстефанскиот мировен договор доаѓа по таканаречената источна криза всушност војна помеѓу Русија и Османлиското царство, по завршувањето на војната, Русија излегува како победник од таа војна и ја присилува Османлиската империја да седне на маса на преговори во Сан Стефано и на маса се става документ во кој се предвидува да се создаде една прлично голема држава односно бугарска држава на територија на Балканот која ќе излегува на Егејско море, на Црно море и преку таа територија Русија ќе има шанса да излезе на топлите мориња, нешто што било нивни вековен сон, а Османлиската империја како поразена страна од војната подлегнува на тој притисок и го потпишува договорот“ вели Никола Србов – историчар.

Но сепак огромните апетите на Русија, односно протегањето на таа бугарска држава на денешни пет држави на Балканот, и големото потенцијално руско влијание во Европа  ги вознемирува другите сили и тој договор никогаш не заживува.Затоа три месеци подоцна останатите големи сили свикуваат мирвна конференција во Берлин каде се суспендираат трите одлуки кои биле донесени во Сан Стефано и токму на таа мировна конференција се создава денешната бугарска држава.

Според Србов, но и дузина македонски историчари, токму датумот на одржување на Берлинската мировна конференција треба да биде денот кој треба да се слави во Бугарија, а не 3 март.

Историчарите велат дека и покрај тоа што Санстефанска Бугарија останала само на нереализирана идеја, таа е основата околу која се формира бугарскиот екстремен национализам, шовинизам и иредентизам како и во постојаните испади на одредени бугарски политичари и општественици кога ја именуваат Македонија како бугарска земја или Македонците како Бугари. Бидејќи огромен дел од македонската територија според договорот требало да припадне на Бугарија.

  • Тоа е основата врз која денеска бугарите ги имаат сите претензии кон Македонија, понатаму таа политика се развивала и добивала други облизи, но  тој договор им е еден вид на темел врз кој век и половина тие ја градат својата политика спрема Македонија“ вели Никола Србов – историчар.

Отаму и е премисата на голем дел на бугарските актери во политичко општественито живот, односно желбата за санстефанските граници, односно за Бугарија од Црно Море до Охрид.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста