Експлозии во Русија, напади со дронови на Москва, Ростов и Брајанск

Украински беспилотни летала беа соборени во близина на Москва, јужниот регион Ростов и југозападниот регион Брјанск во раните утрински часови, ги цитираше руската новинска агенција РИА, руските власти.

Како што јави агенцијата ТАСС, три згради се оштетени во градот Ростов на Дон, а едно лице е повредено кога еден од дроновите се урна во центарот на градот. Уште еден дрон во Ростовската област падна надвор од градот.

Во Брјанск, фрагменти од еден од двата уништени беспилотни летала ги искршиле стаклата на зградата на железничката станица и оштетиле автомобили во близина, објави новинската агенција Интерфакс. Во Ростов се регистрирани експлозии во близина на зградата на Командата на рускиот јужен воен округ, местото од каде се координира руската агресија врз Украина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста