Средбата закажана, темите одбрани, ставовите познати – Kовачевски и Mицковски конечно в среда ќе се соочат

По речиси 10 дена Ковачевски, а и Владата конечно се одважија да кажат каде и кога ќе се одржи лидерската средба која премиерот ја најави. Во среда во клубот на пратеници на иста маса ќе седнат Ковачевски и Мицкоски, а двете теми на разговор, како што соопшти премиерот ќе биле носењето одлуки за европска интеграција на државата, и активностите на сите политички чинители во државата во врска со односите со соседите. Ковачевски вели дека форматот на лидерската го одбрал првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и затоа ќе била тет а тет срадба. Претседателот на Владата очекува на средбата, лидерите да нашле заеднички јазик.

Имаме на една страна интеграција во ЕУ, а на друга страна изолација. И јас се надевам дека тоа што го сакаат сите граѓани ќе го изберат и сите политичари, а тоа е интеграција на државата во ЕУ. Очекувам да разговараме отворено за сите теми бидејќи се значајни. Се надевам дека ќе дојдеме до заеднички јазик за тоа на кој начин треба да продолжиме со интеграција. Инаку, ќе имаме изолација, вели Димитар Ковачевски – претседател на Влада.

Ковачевски како тема на договарање со опозицијата веднаш ја исфрли можноста за предвремени избори, речи изборите ќе си биле во редовен термин.

Сепак власта и опозицијата имаат целосно спротивни очекувања од средбата каде ќе се разговара за уставните измени.

Како што брифираат од ВМРО-ДПМНЕ тие очекуваат да се разговара што и како ќе се случува откако нема да поминат уставните измени за внесување на бугарите во прембулата на највисокиот правен акт.

Очекуваме Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство.

Од партијата велат деека ставот на партијата е јасен, уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор.

Додека се чека Ковачевски и Мицкоски да седнат и да разговараат за уценувањата на Бугарија, предлог-иницијативата за уставни измени Министерството за правда ја испрати до Владата. Редовна седница на Влада има секој вторник и петок, но неизвесно е дали иницијативата ќе биде на седница утре, или уште попладнево.Откако Владата ќе ја усвои, иницијативата за промена на Уставот потоа ќе биде доставена во парламентот. Очекувањата се дека уставните измени би биле испратени во Собранието кон средината на овој месец.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста