Обиди за бугарска асимилација на Македонците: Бугарските провокатори се како јеховини сведоци во Мала Преспа

Бугарските провокатори се како јеховини сведоци во Мала Преспа, со мисија да ја сменат македонската националност во цела Албанија. Првиот човек на партијата на партијата на Македонците кај западниот сосед, Васил Стерјовски обвинува дека Бугарите вршат жестока пропаганда со цел асимилација на Македонците, искористувајќи ја нивната економска состојба. Бизнисот со бугарски пасоши го спореди со трговија со дрога.

-Во Албанија ако сакате да знаете бизнисот со бугарски пасоши во моментов е попрофитабилен од бизнисот со марихуана, еден бугарски пасош од 20 до 25 илјади евра за Албанците, за Македонци им ја одравте кожата. Пред десет години тука имавме попис, сите се декларираа како Македонци. Дури и тие што работеа за бугарската пропаганда се декларираа како Македонци, изјави Стерјовски.

Стерјовски вели дека Македонците во Мала Преспа и цела Албанија ќе ја издржеле оваа бугарска пропаганда, по траела повеќе од век и половина.

-1923-та година кога се ставаа границите на ова подрачје, овие сите жители, Бугарите викаат се Бугари, тие се изјаснија за Македонци. Тоа го има во извештаите на италијанскиот генерал Пикотелини, на францускиот генерал Андре Орион, кој вика тука ова население се изјаснува за Македонци, не за Бугари, изјави Стерјовски

Стерјовски потсетува и дека македонскиот револуционер Петар Поп Арсов уште пред 130 години, за бугарска пропаганда во Македонија, која се одвивала преку бугарската црква напишал: „Егзархијата дава пари и купува ветер зошто народноста со пари не се купува – тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува”.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста