Повторно кавги во судскиот совет

Страстите во судскиот совет никако да се смират. И вчерашната седница помина во тензична атмосфера. Во центарот повторно екс претседателка на советот, Весна дамева. Пресудата за „Таргет тврдина“ ќе ја читаат членовите на Судскиот Совет пред да одлучат дали има судир на интереси кај екс претседателката чиј сопруг бил оштетен, а таа гласала за отворање на постапка за одговорност на судијата Енвер Беџети од скопска апелација затоа што неоправдано долго го држел предметот без одлука.

 Освен за комисијата поврзана со судијата Беџети второто известување е поврзано со незјиното члнување во комисија која рангира судии за унапредување,  а кои суделе предмети во кои е инволвирана компанијата на чие чело е нејзиниот сопруг . Дамева тврди дека не знаела за предметот на сопругот. Ги обвини колегите дека водат хајка против неа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста