Среде Охрид развиорено огромно знаме за поддршка на осудените од 27 април

Еден ден уставобранителите кои сега скапуваат зад решетки ќе бидат народни херои,осудата на лицата за случувањата од 27 април 2017-та, е политички прогон – велат охриѓани и бројните присутни кои во знак на поддршка денеска на дел од бедемот на Самоиловата тврдина кај Долна Порта,го поставија 40 метарското знаме со сонцето од Кутлеш. Зборуваа како го доживуваат апсењето на 16-те мина обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и што говори тој чин?

“Тоталитаризам,говори тоталитаризам и говори дека ние македонците во сопствената држава сме заробени моментално. Луѓето кои треба да бидат на слобода моментално се во затвор и ние денеска самоиницијативно, загрижени граѓани,  загрижени македонци, излеговме овде се собравме го развеевме македонското знаме и упатуваме порака до сите и сегашни и идни функционери дека тие луѓе треба да бидам на слобода”- вели Тони Менкиноски.

Присутните на денешниот собир бараат слобода за македонските уставобранители,според нив тие се жртви на однапред смислен и изрежиран настан.

“Кај мене чувството е гнев во однос на државните органи и пресудата за овие луѓе кои не се криви, кои беа наседнати, немаа извршено ни убиства,а лежат по затвори.За убиство се лежи 2-3 години а овие 14 години затвор, срамота невидена”- вели охриѓанецот Здравко Чорбе.

”Како ќе дојдеа на власт ако не ги отвореше Љубен Арнаудов вратите, како ќе го донесеа Заев на власт ако не се случеше тоа? Му всеаја страв во коски на народот да заќути и вистина едно време ги заќутија, но народот се крева гледајте какво знаме извеавме за нив” – вели охриѓанецот Миле Пендик.

Инаку 40 метарското знаме првично сакале да го развеат горе на Самоиловата трдина, но не им дозволиле. Настанот помина без инциденти, а во чест на уставобранителите, охридскиот пркос го искажаа и низ песна.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста