„За или против“: Има или не корупција во договорот за коридорите 8 и 10Д?

Во политичкиот магазин денеска гостуваа Воислав Зафировски и Илми Селмани како поранешни претседатели на Антикорупциската комисија. На прашањато за скандалите поврзани со „Бехтел и Енка“ за договорите за коридорите 8 и 10 Д велат:

  • „Јас договорот не го знам, и не можам да коментирам за детали. Никој не го знае освен тие што го потпишале. Меѓутоа, јавноста бурно реагира на оние информации кои доаѓаат од свиркачи кои што даваат едно едно поинакво светло на едно светло на сите тие информации. Како човек што работел Антикорупциска и полиција, можам да кажам, лично дека тој процес можел да се води поинаку и поинаку да се третира од овој аспект. Најнапред имаме договор помеѓу една приватна компорации и Македонија. Во име на Македоинија разговара Владата, односно во име на граѓаните бидејќи парите се нивни. А кога е така, не може и не смее договорот да биде тајна. Можеби некои одредени клаузули, но целиот договор да се прогласи за тајна е неприфатливо. Осебено, бидејќи Владата има обврска кон граѓаните на Македонија, во смисла на тоа да ги објасни трошењата на сите пари“, рече Воислав Зафировски – Поранешен претседател на ДКСК.
  • „Кога се се политизира, се прави политиканство вклучувајќи го договорот за коридорите и тука се гледа политика. Наместо да зборуваме за уставните измени, ние зборовуме за ова“ – Илми Селмани – Заменик претседател на Државен завод за ревизија, поранешен претседател на ДКСК.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста