ВМРО-ДПМНЕ бара договорот за Бехтел и Енка да го добијат на рака, власта сака само да го презентира

Договорот вреден засега, 1.3 милијарди евра пратениците со безбедносен сертификат во Собранието ќе го чујат од претставниците на владата, но нема да имаат можност да го прочитаат самите. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски вели дека според Устав и закон тие имаат право да го добијат договорот, а не да слушаат прераскажувања на истиот, вели пристап значи да го имате документот во раце и да го анализирате.

Криењето на Договорот е најсилна индикација дека тоа што го прифатиле Артан Груби и Димитар Ковачевски има силни индиции за корупција и криминал. Секој премиер или министер кој што потпишал добар договор во интерес на државата или граѓаните би сакал тој договор да го види јавноста и обратно, секој оној кој што крие договор од јавноста, само ги потврдува сомнежите дека тој договор е на штета на буџетот и има клаузули кои што се податливи за корупција и криминал – изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски.

Милошовски вели дека со ваквото однесување на Џафери, тој не личи како прв меѓу еднаквите во собранието, туку се однесува како владин министер кој не го интересира како се трошат пари од буџетот.

Иако и јавноста, но и опозициските партии гласно реагираат за криењето на договорот кој речиси и ќе ја испразни државвната каса, премиерот Ковачевски не одговори дирекно зошто пратениците нема да го имаат договорот во рака туку ќе им биде презентиран.

Имаше координација кај претседателот на собранието, ве информирав дека го информирав претседателот на собранието, да каже, согласно процедурите на собранието, на кое тело, на која комисија треба да дојдат претставниците на владата да го презентираат договорот, сите детали во него на пратениците, и откако ќе добиеме повратна информација од претседателот, тогаш ќе можам и да ве информирам, се до тогаш не би сакал да зборувам во името на претседателот на собранието и на пратениците – изјави премиерот Ковачевски.

Вчера на брифинг со новинарите Џафери потврди дека договорот од 400 странци ќе им биде само покажан на пратениците,но не и доставен оти станувало збор за класифициран докумет. Џафери вели дека не го добил договорот и не го знае, потенцирајќи дека не е негова работа да го знае.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста