Од „нема правда, нема мир“ СДСМ го доведе правосудството до дното

„Нема правда, нема мир“

Добро познат слоган кој требаше да донесе правда во Македонија. Но, од правдата на што се надеваа учесниците на Шарената револуција денеска имаме доверба близу нула во судството и обвинителството.  

Надежта за правда кај владејачката СДСМ, заврши неславно кога згасна и СЈО.  Катица Јанева која за многумина беше херој, заврши со седумгодишна казна затвор, поради злоупотреба на својата позиција. Актуелната власт во 2016 година згаснотото СЈО го користеше во кампањата за предвремените парламентарни избори.

НО Обвинителката која ја смести Јанева во затвор, Вилма Русковска ја снајде слична судбина по судирот во кој влезе заедно со државниот обвнител Љумобир Јовески.

Не помалку драматично беше и во Советот на Јавни обвинители, но и во Судскиот. Последно јавните обвинители ги слушна заклетвите на семејното стебло кое завршија на Академијата за судии и јавни обвинители. Не така далечно минато е поставувањето на Ислам Абази за шеф на Организиран криминал за чие назначување реагираше дури и меѓународната заедница. Од таму, сега сите критики се упатени кон Судскиот совет кој не многу го погодуваат таквите критики.

Од поставувањето на Весна Дамева, којa се поврзурваше со правната комисија на СДСМ, па се до нејзиното разрeшување.

  • „Многу сте нервозни, колеги, забележувам, очигледно Весна Дамева треба да се разреши, но Дамева не е проблемот“, рече Дамева.

Тензијата продолжи, па за незаконското работење по кои се водеа во највиското судско тело критики стигнаа и од домашната правна фела.  

  • Јас сум верник.. Верувам во Господ, верувам во себе, во Вас, во сите колеги“, рече Георгиев.

Се чуваа предмети во фиоки, не се постапуваше навремено.. и наместо да учиме од старите лекции, скандали во изминативе години не престанаа да ја тресат судската власт. Аларм дека Македонија тоне во корупција вклучија речиси сите амбасадори и претставници на ЕУ. Укори и тимови за спасување на судството стигна дури од Соединетите Американски држави, но ниту тоа не допре до надлежните.

  • “Го отворив судството како пупка. Нема монтирани процеси и нарачани пресуди”, рече Заев на тв соочување со Мицкоски.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста