„За или Против “ : Потребно е универзитетите да се финансиски независни

Гости во вечерашниот политичи магазин „ За или против “ на ТВ Алфа беа ректорот на УКЛО Игор Неделковски и Ректорот на УГД Штип Гоце Делчев Дејан Миракоски. Потребно е универзитетите да имаат финансиска независност за комплетна академска слобода .

Универзитетите се целосно деполитизирани посебно со новиот избор на ректори . Веќе не е можно директно влијание . Единствента зависност на универзитетот кон ржавата е финансиската , доколку и тоа се реши тогаш може да зборуваме за комплетна академска слобода. Што и да планирате како развој може политичар да ви каже нема пари . Државата треба да одвои пари и да врши само контрола да не се злоупотребат, а не да кажува каде ќе се трошат парите, вели Неделковски

Универзитетите во Македонија имаат што да понудат за младите луѓе кои сигурно ќе се конкурентни на пазарот на трудот, вели рекорот Миракоски . Во Македонија има сериозен недостиг од работна сила , а нашите дипломи се признати надвор од државата и младите заминуваат да работат таму

Младите се многу динаминчни а од друга страна светот е глобално село. Македонија е убава земја и има што да понуди, нашите универзитети имаат прифатлива понуда која треба да ја разгледаат , рече Миракоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста