Владата нема контрола кој финансира бугарска пропаганда во Македонија

Владата без одговор дали има контрола кој и со каква цел финансира бугарска пропаганда во Македонија. Ниту, пак, има одговор чии интереси застапува бугарскиот филантроп Милен Врабевски кој е главен финансиер на бугарските клубови, а најново и на Мал Битолски Монмартр и Светската детска ликовна изложба и конкурс „Битола“.

Алфа се обрати до портпаролот на Владата, но попусто.

Додека власта молчи и е слепа за истурените пари од фондацијата на Врабевски во земјава, филантропот се расфрла со пари за финансирање на манифестации кои имаат традиционално и културолошко значење за Македонија.

Бугарскиот тајкун, дал десетпати повеќе парични средства од претседателот Стево Пендаровски за патувањето во Франција на наградена ученичка од ликовното студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола.

На пат за Франција е и раководството на Мал Битолски Монмартрт Славчо Неделковски кој за Алфа не даде одговор зошто ја примиле донацијата од 17.500 евра од Врабевски кога Општина Битола и Министерството за култура дало пари. Неодамна во интервју, Неделковски вели дека не му е грижа за бугарските клубови во Макеоднија.

ТЕЛОП: Извадок од интервју на Славчо Неделковски

-Не е ментално добро да се туркаат вредностите на ЕУ за Европа без граници, а овде да се подигаат ѕидови меѓу два соседни и братски народи. Апсурдно е. Колку е апсурдно да не обележуваат како пробугарска организација. Сите проекти со Врабевски се меѓу организации од Бугарија и Македонија и бугарски и македонски ученици.
Ниту, пак, наша работа е да ги лекуваме националистичките политичари од двете страни на границата
извадок од интервју на Славчо Неделковски.

Милен Врабевски во јавноста стана познат во екот на пандемијата од Ковид кога на граничните премини нудеше бесплатни вакцини за државјани од Македонија. Тој беше пречекуван од поранешниот премиер Зоран Заев во Македонија каде дискутирале за добрососедски односи.

Пред помалку од една година во два наврати, Врабевски во Скопје, Охрид, Битола и Богданци делеше и пакети храна, на кои беа залепени фотографии од Цар Борис Трети, по кого беше именуван веќе забранетиот бугарски културен клуб во Охрид.

Врабевски заедно со Ковачев на 6 мај годинава без спречени да влезат во Македонија бидејќи државата немало да дозволи никој да го нарушува јавниот ред и мир.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста