Од август парното поскапува за 14 до 16% во Скопје

Парно греењето во Скопје поскапува за 14,18% за 55 илјади домаќинства. Приклучените на железарското парно ќе добијат за 15 и пол проценти повисоки сметки, додека за оние на топланата Скопје Север, поскапувањето е најголемо, односно 16,31%. Тоа во пракса значи дека ако сега за 50 метри квадратни станбена површина се плаќа 1.800 денари, од следниот месец ќе требаат плус 250 денари, па сметката ќе достигне 2.050 денари. Топланите побарале уште поголемо поскапување од дури 78%, најмногу поради превисоката цена на природниот гас. Цената е поголема за 14%, бидејќи ќе помогне комбинираната електрана ТЕ-ТО, која треба да покрие 70% од потребите на Скопјани и тоа за два и пол пати пониска од онаа на топланите. Ако тоа не се случило, парното требало да поскапе над 100% – вели првиот човек на Регулаторната комисија. Апелира да се набави гас, бидејќи алтернативите како мазутот ја загадуваат околината и штетат врз здравјето на луѓето.

Засега не се знае, ниту пак надлежните кажуваат колкави резерви на гас има БЕГ. Вообичаено овие набавки се на годишно ниво. Новиот оператор со топлинска енергија треба да го докупи потребниот гас, но тој чини 10 пати поскапо отколку лани во јули.

Бислимосвки апелираше до државните инститиции и општините да штедат, бидејќи со секој степен намалување на температурата за греење се заштедувале 5% енергија. Ова е второ покачување на цената на парното во главниот град. На стартот на 2022-та, топлинската енергија поскапе за  14%, што значи дека во два наврати годинава Скопјани добија вкупно поскапувањње од 28%. На градското парно се приклучени 60 илјади домаќинства. Новите повисоки цени ќе почнат да важат веќе од понеделник, а првите сметки да пристигнуваат во септември.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста