Нема термини за ПЦР Ковид тестирање – Се чека со денови

Заболените побрзо ќе прележат зараза од Корона, отколку да добијат термин за државен ПЦР тест. Матичните лекари и пациентите често аларамираат дека во последно време, откако повторно пораснаа бројките на ново заразени, нема слободни термини за тестирање, па се чека дури и по една недела, колку што и треба на болеста да се прележи без компликации.
Лекари велат дека ситуацијата се повторува.

– „За веднаш нема. Тоа подолго време трае. Тоа е ситуацијата, истото беше и минатиот пат. Пациентите наши се снаоѓаа. Најчесто одат во приватни лаборатории. Таа е ситуацијата се повторува.“ – Истакна Лидија Чолаков-Дервишова од Здружението на матични лекари.
Инаку, според последниот извештај од заводот за ревизија се констатира дека од почекот на пандемијата досега цели 18,6 милиони евра се одлеале во приватните лаборатории само за тестирање.
Главна причина за тоа е што ова не прв пат во државното здравство да нема доволно термини за тестирање.
Поради високите цени за тестирање во приватните лаборатории, граѓаните често се решаваат да се тестираат самостојно, со брзите тестови што се достапни во аптеките. Матичните лекари велат дека таквите тестови не се регистриаат во системот за заболени. Но, нудат решение.

– „Ако пациентите плаќаат и одвојуваат за здравство, мора да добиваат соодветни услуги за тоа. Долго време ние бараме да има пакет на услуги. Да се знае што и колку за кои пари ги одвојува и ги плаќа за здравството. Во нашата држава сеу ште е неограничен број на услуги за ограничени пари и тоа ни еден здравствен систем не може да го издржи. Тоа е како во еден маркет да влефувате секој ден а да плаќате само еднаш. Така да, има некои работи кои што мора да се сменат. Нели, да се седне сериозно и да се работи.“ – Додава доктор Дервишова.

За надлежните, одговорноста е кај граѓаните. Од Министерството за здравство велат дека е потребно граѓаните да се одговорни во процесот на тестирање, бидејќи така ќе го заштитат сопственото и здравјето на пошироката популација. Министерот за здравство, беким сали, вчера посочи дека aко се гледа според искуството на досегашните бранови на зараза со ковид-19, сега се наоѓаме пред пикот на моменталниот бран. министерот апелираше до хронично болните да се вакцинираат со четврта доза доколку веќе примиле трета, а до лицата кои се тестираат дома со брзи тестови побара да се самоизолираат најмалку три дена.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста