Нови дивоградби во стариот дел на Охрид

Да престане прекумерната урбанизација на стариот дел од Охрид каде никнуваат објекти со огромни габарити. На овој начин не само што се уништува најзаштитеното гратско јадро,туку калето повеќе не може да го издржи притисокот на неконтолираната градежна ескпанзија која со години го обезличува Охрид-реагираа месното население и граѓанските активисти.

 Ако се продолжи со вакви градви јас предлагам Парламентот да го измени, да го именува како закон за уништување на старото гратско јадро бидејќи во самиот закон стои дека габаритите на урбаните објекти не смее да се менуваат ни во ширина, ни во должина, ни во висина, вели Мирче Ристески-жител на Охрид, вели Мирче Ристески-жител на Охрид.

Ова е преседан во стариот дел на градот бидејќи е дирекно сквернавење на културно историското наследство на стариот град, вели Михаил Филев-жител на Охрид.

Едно такво здание на 4 ката никнува непоредно до охридскиот Завод и музеј, инститицијата која е задолженада го штити културното наследство и старото гратско јадро.

Недозволиво е вакви и слични објекти да се градат и да се изградуваат, а тука е Музејот за заштита на споменици на град Охрид.Каде е нивната улога, дали се работи за корумпираност или се работи  за прекршување на законите ?, вели Никола Киселинов-граѓански активист:

Дали ова е тоа што Унеско го очекува од надлежните институции за културно наследство, дали препораките од Унеско се почитуваат со удоволување на поединецот?, вели Наум Аиноски-жител на Охрид.

Загорозена е стабилноста на постојните објекти велат огорчени жителите.

Механизацијата која се користи за да се направи ова здание, логистиката на патот не го крепи ова, овде влегуват мешалици по 20 тона.Тенк е тоа, на што личи тоа?, вели Кирил Димитров- жител на Охрид:

И додека жителите од стариот дел бараатод надлежните институции под итно да се стопира и поништи дозволата за градење,од Завод и музеј дигаат раменици.

Постапката е запазена, проследени се сите кај нас претходно доставени документи и се што е од кај нас излезено се’ е регуларно., вели Катерина Велкоска – директор на
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста