Новиот министер за здравство оптимист – имал лек за драматичните состојби

Паркирани возила, едно до друго, дел заглавени среде улица, а помеѓу по некое возило за итна помош кое не може да помине и да го донесе пациентот до клиниката. Ова е секојдневната слика на скопскиот Клинички центар. Редици од возила ја блокираат и улицата „Водњанска“ кои чекаат ред за влез, а најдебелиот крај го влечат докторите и пациентите кои носат итен случај. Дали хаосот конечно ќе се реши ? Ветување имаше и порано, но без реалзација. И новиот министер за здравство Фатмир Меџити како и неговите претходници – министри, вети дека ќе го реши деценскиот проблем.

„Наш прв приоритет ќе биде да го решиме сообраќајниот хаос во Клинички центар. Се консултираме со сите институции, засегнати страни и размислуваме тоа да го решиме во најбрз можен рок.” – изјави министерот за здравство Меџити.

Како важен проблем во здравствениот систем Меџити го наведе и новиот клинички центар за што вели дека има детални проекти но не открива детали.

 Јас доаѓам од фелата на лекарите во Клинички центар, многу е битно ние да можеме да направиме нов ургентен, интернистички тријажен центар. Другото многу битно прашање кое долго време се поставува во државата кое е од голема итност и треба убаво да размислиме и да го продолжиме проектот за нов клинички центар и да направиме регионализација на сите болници во државата. И за регионализацијата и за клиничкиот центар имаме детален проект во програмата како ќе се одвиваат работите понатаму“, најави министерот Меџити.

Приоритет во здравството се повиоските плати на здравствените работници вели министерот.Но дали и како ќе најде решение, пред се пари,  не откри, единствено уверува дека нема да дозволи одлив на медицински кадар. Свесен е, дека ќе се соочи со протести, доколку не го испорача ветенето.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста