Николоски: И фрламе ракавица на Власта за предвремени избори на 11-ти јуни

11-ти јуни, предвремени избори без техничка Влада. ВМРО-ДПМНЕ со конкретен датум и конкретна понуда до коалицијата на ДУИ и СДСМ.

Потпретседателот на опозициската партија, Александар Николоски, во гостување на Алфа, порача дека тие имаат план како да ја однесат Македонија во Европската Унија кој се потпира на три столба – национален, политички и финансиски столб.

  • „Националниот се однесува на национално издигнување на македонскиот народ, политичкиот е во насока на заштита на македонскиот идентитет и македонскиот јазик и финансискиот е пред се, напредок и бенефит на граѓаните во она што најмногу ги интересира, а тоа е подобар животен стандард.“ – Појаснува Николоски.

Избори се потребни поради многу причини, смета Николоски, но пред се поради огромната корупција која владее во Македонија. Тој облодени и нова афера – ЈП Државни патишта чиј директор доаѓа од ДУИ склучило договор со фирма од кичевско која треба да искешира два милионио евра за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја долж автопатите.

  • „Ова е договорот кој што го објавувам вечерва и за кој што треба да се даде одговор, прво, како се стигнало до овој договор? Второ, дали најприоритетно во Македонија, во моментов е сечење на гранки, грмушки и трева на патиштата? И трето и најбитно за мене, како се стигнало до сума од 2 милиони и 400 милиони евра за косење трева?“ – Праша Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека кога Македонија ќе се избори со криминалот и корупцијата и ќе постави добри стандарди, тогаш ќе се сменат и работите во однос на евоинтеграциите и притисокот од Скопје ќе се пренасочи кон Софија.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста