Клековски: Претседателските да се одржат заедно со парламентарните избори, во спротивно губи Mакедонија

Има ли Македонија потреба од предвремени парламентарни избори? Треба ли ако нема предвремени, претседателските и парламентарните да се одржат во ист ден? Опозицијата ги бара, власта мува не ја лази. Дел од аналитичарите, согласни: избори се решението за крај на политичката криза.

Аналитичарот Клековски за Алфа вели дека предвремени избори се најдобрата солуција, но судејќи по постапките на владата досега, која своите интереси ги става пред тие на граѓаните, се сомнева дека ќе има поместувања. Затоа треба претседателското и парламентарното гласање, идната година, да бидат во ист термин.

Јас верувам дека на Македонија и се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро, доколку тие не се случат нема никаква логика, стратешка, политичка, економска оправданост да имаме одвоени парламентарни и претседателски избори. Разликата во редовните тајминзи е многу мала за да тоа биде битно скратување на мандатот на владата, било какви тесно партиски, дневно политички игри, не вредат неколку милиони евра кои ќе бидат потрошени на избори кои нема да биадт успешни, бидејќи претседателските избори имаат потреба од минимум излезност од 40% и досегашното искуство покажува дека ако тие не се комбинирани со некои други избори, тешко е да се обезбеди таа излезност утврдена со Уставот. Да намоменам дека неизбирањето на претседател ќе ја продлабочи политичката криза и дека тоа не оди во прилог на напредокот на Македонија, вели за Алфа, Клековски.

Дали СДСМ и ДУИ ќе дозволат такво нешто? Ако одговорот е негативен, најмногу ќе изгуби Македонија, вели Клековски.

Ние досега гледаме владата на ДУИ и СДСМ воопшто не се грижи за перцепциите на граѓаните и за јавното мислење. Четри од пет граѓани на Македонија мислат дека државата се движи во погрешна насока, има очекувања да има што поскоро избори за да се прекине овој негативен тренд меѓутоа тоа не влијае на владата на ДУИ и СДСМ. Тие очигледно ги ставаат своите тесно партиски интереси над општо заеднички интереси и се е возможно. Тоа значи само продлабочување на постоечките негативни трендови и нема ништо добро да донесе бидејќи на крај повторно најголем губитник ќе бидат ДУИ и СДСМ покрај Македонија, изјави Клековски.

Ако предвремени избори нема како што бара ВМРО-ДПМНЕ и дел од народот, тогаш за луѓето се прифатливи претседателските и парламентарни избори на еден трошок. Ова го покажува и последната анкета на ИПИС, во која за ова прашање позитивно се изјасниле дури 65 % од испитаниците.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста