Не запираат измамите преку социјалните мрежи за подигање брзи кредити со туѓи лични податоци

Внукот на име на својот дедо подигнал брз кредит и парите ги искоцкал. Од финансиските друштва за позајмици му се јавиле на дедото и од него барале да го врати долгот, бидејќи секој нареден ден каматата расте неразумно. Ова е само еден пример за злоупотребите на лични податоци кои се прават во Македонија со цел добивање „брза пара“. Полицијата за само седум месеци бележи над 60-тина пријави од измамени граѓани кои на лажни наградни игри, споделуваат лични податоци и траксакциски сметки по социјалните мрежи, без да бидат свесни во што се впуштаат.  

  • Во текот на оваа година имаме 65 пријави за злоупотреби на лични податоци за брзи кредити. Тоа за жал е често од блиски лица или луѓе кои имаат криминална намера злоупотребуваат податоци, а потоа жртвата ќе треба да ги враќа парите“ вели Тони Ангеловски, портапарол на МВР.

Лани, пак евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити. Последните информации во полицијата се и дека финансиските друштва односно вработените таму се вклучени во измамата на граѓаните.

  • Има пријави и дека вработени во овие финансиски друштва се вклучени во измамите, но без разлика за кој станува збор, тој мора да одговара пред лицето на правдата, бидејќи ги доведуваат во заблуда граѓаните… “ вели Ангеловски.

Агрсивните кампањи што ги водат таканаречените „продавници за пари„ лесно ги придобиваат граѓаните кои тонат во долгови. За ова реагираше и Народниот првобранител кој посочи дека граѓаните воопшто не се информирани и не знаат за опасностите што им се закануваат.  Министерството за финансии пак, самото се   трга на страна од  измамите, иако законот за контрола е токму во негова надлежност.

Позади рекламата, брза исплата и рати без камати, се кријат трошоци, кои би можеле да достигнат и до 50% од износот на кредитот. Едноставното он-лајн одобрување на заеми е причина за многу од граѓаните свесно да заглават финансиски.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста