На почетокот или средината на септември ќе знаеме дали ќе има и ново зголемување на цената на парното

На почетокот или средината на септември ќе знаеме дали ќе има и ново зголемување на цената на парното.

Директорот на ЕСМ, Васко Стефанов се надева и дека ќе продолжи поддршката од владата со цел ЕСМ да работи продуктивно и цената да не се зголемува и да нема рестрикции. „Очекуваме рке согласно роковите да си ја заврши работата, односно да ги проектира цените. Нашите односи со БЕГ се коректни. Во овој момент мислам дека се одвиваат тие должничко-доверителски односи и се надевам дека на крај ќе заврши се како што треба. Очекувам некаде почетокот или средината на септември дека ќе ја имаме веќе цената на парното греење, изјави Стефанов. Според него, во тек се ремонтни активности и кои би требало да завршат кон крајот на септември или почеток на октомври, со што сите производни капацитети на ЕСМ ќе бидат ставени во функција и дека компанијата ќе биде целосно подготвена за новата грејна сезона.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста