Научна конференција на УГД „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“

Филолошкиот факултет во Штип, да го носи името на познатиот македонски поет Ацо Шопов. Ваквата иницијатива е веќе покрената, но се разгледаат правните аспекти, бидејќи штипскиот универзитет е интегриран,  објаснува ректорот на универзитет.

Се дискутира уште на таа тема, треба да се разгледат правните аспекти. Сите факултети се единици од универзитетот . Јас немам никаква забелешка доколку еден ваков истакнат поет биде патрон, односно неговото име да го носи Филолошкиот факултетизјави проф.д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип.

И по 100години од  раѓањето на Шопов, неговиот литературен  опус е се уште актуелен и инспиративен. Заедно со Блаже Коневски го поставуват камен темелникот на современата македонска книжевност. Неговите дела се преведени на англиски, француски, руски, а во поново време  на бугарски и турски јазик.

Мнозина други македонски поети го водеа оној најтежок трнлив пат по кој се трасираше и се изгради македонската современа литература. Тој е преставник на првата генерација поети во современата македонска литература, заедно со Славко Јаневски“ изјави проф.д-р Луси Караниколова Чочоровска-декан на Филолошки факултет-УГД-Штип

Ацо Шопов е роден во Штип. Тој е автор на првата повоена книга на македонски јазик, а антологиската песна “Очи“ која ја посветил на неговата љубена која загинала, ја напишал додека бил во Третата македонска ударна бригада. Во Штип има и спомен соба во која се наоѓаат лични предмети, факсимили, фотографии и целокупното творештво на поетот. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста