Над 2.000 загинати во серијата силни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија

Тлото во Турција не престанува да се тресе. Над 35 земјотреси се регистрирани по вториот разорен земјотрес од 7.5 степени што ги погодија Турција и Сирија.  Првиот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени по Рихтер  беше најсилен во последните 100 години во турско- сирискиот регион.  Потрагата по жртвите и повредените под урнатините трае со часови, а работата на спасувачките тимови е дополнително отежната поради лошите временски услови.

Првиот потрес се случи изутрината во 4:17 минути по локално време  со епицентар во областа  Пазарџик во јужната турска провинција Каха раман марас. По потресите, зградите во Турција паѓаат како кули од карти

Срамнети со земји се бројни станбени згради во градовите Газиантеп, Каран-манмараш, Хатај, Османије, Адијаман, Малатија, Шанлурфа, Адана, Дијар-бакир и Килис. Граѓаните во паника, плач и хаос , сведочат за тоа што се случило.

Преживеаните во болниците раскажуваат за ужасен звук кој ги разбудил од спиење . Оние кои го преживеаа земјотресот сведочат како нивните соседи не можеле да се извлечат од нивните домови

Имам четири деца и жена ми. Бевме дома и мирно спиевме. Го почувствувавме земјотресот и веднаш се разбудивме бидејќи беше премногу силен па се извлековме со децата со жена ми и истрчавме директно кон влезот од куќата. Зградата e четирикатница , ниту еден од луѓето во другите три ката не преживеал.  Јас сум роден одново фала му на Бога“.

Турскиот претседател изјави дека само во Турција загинале најмалку 912 лица , а ова е најголемата катастрофа која ја погодила неговата земја од 1939, а уништени се околу 3.000 згради

„Нашата држава презеде акција со сите свои институции од земјотресот, а нашите гувернери ги мобилизираа сите можности во нивните провинции. Покрај нашите сегашни гувернери во 10 провинции погодени од земјотресот, беа назначени дополнително уште 10 гувернери да работат со нив.  Почнавме да воспоставуваат контакти и со нашата земја за меѓународна помош. Покрај НАТО и ЕУ, добивме понуди за помош од 45 земји. Денес е денот кога треба 85 милиони да чукаат како едно срце, рече Ердоган .

Материјалната штета е непроценлива  срамнета инфраструктура и метални прачки расфрлани низ улиците , а пукнатини се појавиле и на пистите на аеродромите во округот.  Во земјотресот сериозно е оштетена енергетската инфраструктура во Турција , се запалија гасоводи на југот на Турција.

 Земјотресот бил почувствуван се до главниот град на Египет, Каиро.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста