Учениците и наставникот од „Еразмус плус“ се евакуирани и утре преку Истанбул ќе се вратат во Македонија

Македонија и македонските граѓани не забораваат. Повторно се ставаат на располагање сите можности за помош на Турција и Сирија откако стигнаа вестите за катастрофалните земјотреси. Веќе втор ден собираат помош за настраданите и се упатуваат молитви за побрзо закрепнување на настраданите.

Сите македонските ученици од Гостивар, Тетово и општината Маврово-Ростуше кои за време на потресите се наоѓаа во источна Турција, се на пат кон Анкара каде ќе преноќат, а утре се враќаат во Скопје. Двајца кои биле повредени се добро.

  • Сите се во добра здраствена состојба, и повредениот кој што добил здраствена грижа е во добра здраствена состојба, сите се тргнати и веќе се на пат кон Анкара. Сликата покажува дека се во добро расположение, но се разбира траумата која ја преживеале секако тоа ќе ги следи но ќе згрижиме кога ќе се вратат рече Османи.

На плоштадот Македонија во Скопје од вчера попладне е отворен пункт за донации за семејставата на настраданите. Се собираат облека, обувки, покуќнина, храна, вода и хигиенски производи за семејствата што во земјотресите останаа без ништо. Пунктот ќе биде во функција се додека е потребно, а скопјани, граѓани и компании масовно донираат секој согласно своите можности.

Црвениот крст отвори и телефонски линии за донирање финансиска помош.

  • На телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1 – Донација од 100 денари со повик. Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија“.

И по социјалните мрежи се гледа дека никој не остана рамнодушен на болката и страдањата на турските граѓани по страшните снимки и фотографиит од градовите кои што останаа под урнатините.

  • 1963, цел свет стана едно за да се помогне на Скопје. Скопје стана град и симбол на солидарноста. ВЕРУВАМ ДЕКА НАРОДОТ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ОБЕДИНИ И ЌЕ МУ ПОМОГНЕ НА ТУРСКИОТ НАРОД И ТУРЦИЈА. ЈАС СУМ УБЕДЕН ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ МЕЃУ ПРВИТЕ“.
  • Едно потсетување на еден настан кој оставил длабок белег во меморијата на Скопје. Да се потсетиме на хуманоста и на силата која е потребна за надминување на природните катастрофи. Да сочувствуваме со народот во Турција и Сирија“.

Шест милиони денари, медицински персонал, опрема, лекови, шатори, душеци, ќебиња, грејни тела ќе се испратат во Турција како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата со големи човечки загуби, повредени граѓани,  материјални штети. 40 спасувачи испраќа Дирекцијата за заштита и спасување, обучени за барање под урнатини, а дополнително 24 лица од Одбрана од кои 22-ца од Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од Командата за обука и доктрини.

За останатите македонските државјани кои се во погодените подрачја се наоѓаат на безбедни локации и за нив треба да се покрижи почесниот конзулат.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста